Јован 13:31-35
Јован 13:31-35 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Јуда излезе, Исус рече: „Сега Синот Човечки ќе биде прославен и Тој ќе Му донесе слава на Бог. Штом Тој ќе Му донесе слава на Бог, тогаш и Бог ќе Го прослави Него и тоа ќе биде наскоро! Чеда Мои, уште малку сум со вас. Потоа ќе Ме барате, но како што им кажав на еврејските старешини, така и вам сега ви кажувам: вие не можете да дојдете таму каде што Јас заминувам. Нова заповед ви давам: „Сакајте се еден со друг! Како што Јас ве засакав, така и вие да се сакате еден со друг. Ако се сакате еден со друг, луѓето ќе знаат дека сте Мои ученици.“
Јован 13:31-35 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Кога тој излезе, Исус рече: „Сега се прослави Синот Човечки и Бог се прослави во Него. Ако Бог се прослави во Него, и Него Бог ќе Го прослави во Себе, и наскоро ќе Го прослави. Чеда, уште малку сум со вас. Ќе Ме барате и, како што им реков на Јудејците дека каде што одам Јас вие не можете да дојдете, и вам ви велам сега. Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу себе.“
Јован 13:31-35 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога излезе, Исус рече: „Сега се прослави Човечкиот Син, и Бог се прослави во Него. Ако Бог се прослави во Него, и Бог ќе Го прослави во Себе, и веднаш ќе Го прослави. Дечиња, уште малку сум со вас; ќе Ме барате, и како што им реков на Јудејците: каде одам Јас, вие не можете да дојдете, и вам ви го велам тоа сега. Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг; како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици - ако имате љубов помеѓу себе!“