Јован 13:3-7
Јован 13:3-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус, знаејќи дека Таткото Му предал се во Негови раце и дека од Бог излегол и кај Бог се враќа, стана од вечерата, ја соблече наметката и се препаша со крпа. Потоа Тој налеа вода во леген и започна да им ги мие стапалата на учениците и да им ги брише со крпата со која беше препашан. Кога стигна до Симон Петар, овој Му рече: „Господе, зар Ти да ми ги миеш стапалата!?“ Исус му одговори: „Ти сега не го разбираш ова што Јас го правам, но подоцна ќе сфатиш.“
Јован 13:3-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Исус, знаејќи дека Отецот сѐ Му предал во рацете и дека од Бога излегол и дека кај Бога се враќа, стана од вечерата, ја соблече својата горна облека, зеде крпа и се препаша; потоа истури вода во сад за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата со која беше препашан. Дојде и кај Симон Петар, а тој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?“ Исус одговори и му рече: „Јас што правам сега, ти не знаеш, но подоцна ќе разбереш.“
Јован 13:3-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Исус, знаејки дека Тат-кото Му предаде сѐ во рацете, дека излезе од Бога и дека оди при Бога стана од вечерата, ја соблече горната облека, зеде крпа и се пре-паша. Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан. Така дојде до Симона Петра; а овој Му рече: „Господи, Ти ли ќе ми ги миеш нозете?“ Исус одго-вори и Му рече: „Ти сега не знаеш што правам Јас, но после ќе разбереш.“