Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 13:18-38

Јован 13:18-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Не го кажувам ова за сите вас, зашто Јас ги знам оние што ги избрав. Но нека се исполни Писмото: ‚Кој јаде леб со Мене, ја подигна петата своја против Мене.‘ Отсега ви кажувам, уште пред да се изврши, та кога ќе се изврши, да по­ве­рувате дека сум Јас. Вистина, вистина ви велам: кој го прими оној што го праќам Јас, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме прати.“ Штом го рече ова, Исус, потресен во духот, посведочи и рече: „Вистина, вистина ви зборувам дека еден од вас ќе Ме предаде.“ Тогаш учениците почнаа да се пог­леднуваат еден со друг, не разбирајќи за кого зборува. А еден од учениците, кого Исус го сакаше, беше се навалил на градите Исусови. Нему му даде знак Симон Петар да праша кој ли ќе е тој за кого што го­вори. Тој, пак, се навали на градите Ису­сови и Му рече: „Кој е Господи?“ Исус одговори: „Оној е, на кого Јас ќе му натопам залак и ќе му го по­да­дам.“ И кога натопи залак, му го подаде на Јуда Симонов Искариот. И тогаш, по залакот, сатаната влезе во него. А Исус му рече: „Што ќе пра­виш, прави побргу!“ А никој од оние што седеа на тр­пе­зата не разбраа зошто му го рече тоа. Но, бидејќи Јуда го чуваше ков­че­жето, некои помислија дека Исус му ре­че: „Купи што ни треба за празникот!“ или да раздаде нешто на сиромасите. А тој, штом го зеде залакот, веднаш излезе. А беше ноќ. Кога тој излезе, Исус рече: „Сега се прослави Синот Човечки и Бог се прослави во Него. Ако Бог се прослави во Него, и Не­го Бог ќе Го прослави во Себе, и наскоро ќе Го прослави. Чеда, уште малку сум со вас. Ќе Ме барате и, како што им реков на Ју­деј­ци­те дека каде што одам Јас вие не може­те да дојдете, и вам ви велам сега. Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу се­бе.“ Симон Петар Му рече: „Господи, каде одиш?“ Исус му одговори: „Каде што Јас одам, ти не можеш сега да дој­деш по Мене, но подоцна ќе дојдеш по Мене.“ Петар Му рече: „Господи, зошто не можам да одам по Тебе сега? Животот свој ќе го положам за Тебе.“ Исус му одговори: „Животот ли ќе го положиш за Мене? Вистина, вистина ти велам: нема петел да запее, додека ти трипати не се одречеш од Мене!“

Јован 13:18-38 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Не ви се обраќам на сите. Јас ги знам оние што сум ги избрал. Но она што го вели Светото Писмо мора де се исполни. А тоа вели: ,Оној што заедно со мене јадеше, ја крена својата петица против мене‘. Ви ги кажувам овие работи уште пред да се случат, па кога ќе се исполнат, да поверувате дека Јас Сум Тој што Сум. Ве уверувам дека секој што го прима оној што Јас го испраќам - Мене Ме прима; а Кој Ме прима Мене - Го прима Оној што Ме испрати.“ Откако го рече ова, Исус длабоко се натажи и рече: „Ова што ќе ви го кажам е вистина: еден од вас ќе Ме предаде!“ Учениците започнаа да се загледуваат еден во друг, прашувајќи се за кого зборува. Еден од Неговите ученици беше навален на Исусовите гради. Тој му беше најомилениот ученик на Исус. Нему Симон Петар му даде знак да праша на кого се однесува реченото? Тој повторно се навали на Исусовите гради и Го праша: „Господе, за кого зборуваш?“ Исус му одговори: „Тоа е оној на кого ќе му го дадам залакот што ќе го макнам.“ Потоа го макна залакот и му го даде на Јуда Искариот, син на Симон. Веднаш по залакот, Сатаната влезе во Јуда. Исус, пак, му рече: „Направи го брзо тоа што си наумил да го направиш!“ Но никој од присутните не разбра зошто Исус му рече така. Јуда беше задолжен за ќесето со пари, па некои помислија дека Исус му порачува да купи се што е потребно за празникот, или да им даде нешто на сиромасите. Кога Јуда го прими залачето леб веднаш излезе. А беше ноќ. Кога Јуда излезе, Исус рече: „Сега Синот Човечки ќе биде прославен и Тој ќе Му донесе слава на Бог. Штом Тој ќе Му донесе слава на Бог, тогаш и Бог ќе Го прослави Него и тоа ќе биде наскоро! Чеда Мои, уште малку сум со вас. Потоа ќе Ме барате, но како што им кажав на еврејските старешини, така и вам сега ви кажувам: вие не можете да дојдете таму каде што Јас заминувам. Нова заповед ви давам: „Сакајте се еден со друг! Како што Јас ве засакав, така и вие да се сакате еден со друг. Ако се сакате еден со друг, луѓето ќе знаат дека сте Мои ученици.“ Симон Петар Му рече: „Господе, каде заминуваш?“ Исус му одговори: „Ти сега не можеш да дојдеш таму каде што Јас заминувам, но ќе Ми се придружиш подоцна.“ Петар Му рече: „Господе, зошто не можам да Ти се придружам сега? Јас сум готов и својот живот да го положам за Тебе!“ „Твојот живот ли ќе го положиш за Мене?“ - му возврати Исус. „Те уверувам, дека, уште пред да запее петел - ти трипати ќе порекнеш дека воопшто Ме познаваш!“

Јован 13:18-38 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Не го кажувам ова за сите вас, зашто Јас ги знам оние што ги избрав. Но нека се исполни Писмото: ‚Кој јаде леб со Мене, ја подигна петата своја против Мене.‘ Отсега ви кажувам, уште пред да се изврши, та кога ќе се изврши, да по­ве­рувате дека сум Јас. Вистина, вистина ви велам: кој го прими оној што го праќам Јас, Мене Ме прима, а кој Ме прима Мене, Го прима Оној што Ме прати.“ Штом го рече ова, Исус, потресен во духот, посведочи и рече: „Вистина, вистина ви зборувам дека еден од вас ќе Ме предаде.“ Тогаш учениците почнаа да се пог­леднуваат еден со друг, не разбирајќи за кого зборува. А еден од учениците, кого Исус го сакаше, беше се навалил на градите Исусови. Нему му даде знак Симон Петар да праша кој ли ќе е тој за кого што го­вори. Тој, пак, се навали на градите Ису­сови и Му рече: „Кој е Господи?“ Исус одговори: „Оној е, на кого Јас ќе му натопам залак и ќе му го по­да­дам.“ И кога натопи залак, му го подаде на Јуда Симонов Искариот. И тогаш, по залакот, сатаната влезе во него. А Исус му рече: „Што ќе пра­виш, прави побргу!“ А никој од оние што седеа на тр­пе­зата не разбраа зошто му го рече тоа. Но, бидејќи Јуда го чуваше ков­че­жето, некои помислија дека Исус му ре­че: „Купи што ни треба за празникот!“ или да раздаде нешто на сиромасите. А тој, штом го зеде залакот, веднаш излезе. А беше ноќ. Кога тој излезе, Исус рече: „Сега се прослави Синот Човечки и Бог се прослави во Него. Ако Бог се прослави во Него, и Не­го Бог ќе Го прослави во Себе, и наскоро ќе Го прослави. Чеда, уште малку сум со вас. Ќе Ме барате и, како што им реков на Ју­деј­ци­те дека каде што одам Јас вие не може­те да дојдете, и вам ви велам сега. Нова заповед ви давам: да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов меѓу се­бе.“ Симон Петар Му рече: „Господи, каде одиш?“ Исус му одговори: „Каде што Јас одам, ти не можеш сега да дој­деш по Мене, но подоцна ќе дојдеш по Мене.“ Петар Му рече: „Господи, зошто не можам да одам по Тебе сега? Животот свој ќе го положам за Тебе.“ Исус му одговори: „Животот ли ќе го положиш за Мене? Вистина, вистина ти велам: нема петел да запее, додека ти трипати не се одречеш од Мене!“

Јован 13:18-38 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Не збо-рувам за сите вас; Јас знам кои ги избрав; туку треба да се исполни Писмото: ‘Кој го јаде Мојот леб, ја подига својата петица против Мене.’ Отсега ви зборувам, пред да се збидне, за да поверувате - кога ќе се случи - дека Сум Јас. Вистина, вистина ви велам: кој го прима оној, кого Јас го праќам, Мене Ме прима; а кој Ме прима Мене, Го прима Оној, Кој Ме пратил Мене.“ Штом го рече тоа, Исус се возбуди во духот, па посведочи и рече: „Вистина, вистина ви велам: дека еден од вас ќе Ме предаде.“ Тогаш учениците се погледнаа еден со друг со двоумење за кого зборува. А еден од Неговите ученици, кого Исус го љубеше, беше прилегнал на Исусовите гради; тогаш Симон Петар му даде знак и му рече: „Кажи, за кого зборува!“ Така, тој се потпре на Исусовите гради и му рече: „Гос-поди, кој е?“ Исус одговори: „Тоа е оној, кому ќе му натопам залак, и ќе му го подадам.“ И го натопи залакот, го зеде и му го даде на Јуда Симонов Искариот. И отка-ко го зеде залакот, сатаната влезе во него. Исус пак му рече: „Што правиш, прави побргу!“ Но никој од оние, што седеа покрај трпезата, не разбра, зошто му го рече тоа. Но, бидејќи кај Јуда беше благајната, некои помислија дека Исус му рече: „Купи што ни е потребно за празникот!“ или да раздаде нешто на сиромасите. Штом го зеде залакот, Јуда излезе веднаш, а беше ноќ. А кога излезе, Исус рече: „Сега се прослави Човечкиот Син, и Бог се прослави во Него. Ако Бог се прослави во Него, и Бог ќе Го прослави во Себе, и веднаш ќе Го прослави. Дечиња, уште малку сум со вас; ќе Ме барате, и како што им реков на Јудејците: каде одам Јас, вие не можете да дојдете, и вам ви го велам тоа сега. Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг; како што Јас ве љубев вас, така и вие да се љубите еден со друг. По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици - ако имате љубов помеѓу себе!“ Симон Петар Му рече: „Господи, каде одиш?“ Исус му одговори: „Каде одам Јас, ти сега не можеш да тргнеш по Мене, но подоцна ќе Ме следиш.“ Петар Му рече: „Господи, зошто не можам да дојдам по Тебе сега? Својот живот ќе го дадам за Тебе.“ Исус одговори: „Својот живот ли ќе го дадеш за Мене? Вистина, вистина ти велам, петел нема да пропее, додека трипати не се одречеш од Мене.“