Јован 13:1-5
Јован 13:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А пред празникот Пасха, знаејќи Исус дека Му дојде часот за да премине од овој свет кај Отецот, и бидејќи ги засака Своите во светот, до крај ги засака. И на вечерата, кога ѓаволот беше вметнал во срцето на Јуда Симонов Искариот за да Го предаде, Исус, знаејќи дека Отецот сѐ Му предал во рацете и дека од Бога излегол и дека кај Бога се враќа, стана од вечерата, ја соблече својата горна облека, зеде крпа и се препаша; потоа истури вода во сад за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата со која беше препашан.
Јован 13:1-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Беше ден пред празникот Пасха. Исус знаеше дека дојде времето да замине од овој свет и да се врати кај Таткото. Тој отсекогаш ги сакаше Своите следбеници кои беа во светот, и остана да ги сака докрај. За време на вечерата (а Ѓаволот веќе го беше поттикнал срцето на Јуда Искариот, син на Симон, да Го предаде), Исус, знаејќи дека Таткото Му предал се во Негови раце и дека од Бог излегол и кај Бог се враќа, стана од вечерата, ја соблече наметката и се препаша со крпа. Потоа Тој налеа вода во леген и започна да им ги мие стапалата на учениците и да им ги брише со крпата со која беше препашан.
Јован 13:1-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Пред празникот Пасха, Исус - знаејќи дека Му дојде часот за да премине од овој свет кон Таткото - љубејќи ги Своите во светов, ги возљуби до крај. За време на вечерата - кога ѓаволот веќе стави мисла во срцето на Јуда Симонов, Искариотски, за да Го предаде - Исус, знаејки дека Тат-кото Му предаде сѐ во рацете, дека излезе од Бога и дека оди при Бога стана од вечерата, ја соблече горната облека, зеде крпа и се пре-паша. Потоа налеа вода во садот за миење и почна да им ги мие нозете на учениците и да ги брише со крпата, со која беше препашан.