Јован 12:20-23
Јован 12:20-23 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
А меѓу оние што дојдоа на поклонение за време на празникот имаше и некои Грци. Тие му пристапија на Филип, кој беше од Бетцаида во Галилеја, и му рекоа: „Господине, сакаме да се сретнеме со Исус!“ Филип отиде и му кажа на Андреј. Потоа, Андреј и Филип отидоа заедно и Му кажаа на Исус. Тогаш Исус им одговори: „Дојде време Синот Човечки да влезе во Својата слава.
Јован 12:20-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Меѓу дојдените за празникот на поклонение имаше и некои Елини. Тие пристапија кон Филип, кој беше од Витсаида Галилејска, и го молеа, велејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исус.“ Дојде Филип и му кажа на Андреј, а Андреј и Филип Му кажаа на Исус. Исус, пак, им одговори, велејќи: „Дојде часот да се прослави Синот Човечки.
Јован 12:20-23 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Меѓу поклониците, дојдени на празникот, имаше и некои Грци. Тие му пристапија на Филипа, кој беше од Галилејска Витсаида, и го помолија, велејќи: „Господине, сакаме да Го видиме Исуса. Филип отиде и му кажа на Андреја; потоа Андреј и Филип отидоа и Му кажаа на Исуса. А Исус им одговори: „Дојде часот да се прослави Човечкиот Син.