Јован 11:9-15
Јован 11:9-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Исус им одговори: „Денот има дванаесет часа, нели? Тој што оди дење не се сопнува, бидејќи пред себе ја има дневната светлина. Ако човек оди ноќе тој се сопнува, бидејќи пред себе нема светлина.“ Откако го рече ова, Исус им најави: „Нашиот пријател Лазар заспал, и Јас одам таму за да го разбудам.“ „Господе“, - Му рекоа учениците - „Штом заспал, значи дека заздравува од болеста!“ (Исус сакаше да каже дека Лазар умрел, но тие претпоставија дека зборува за обично спиење.) Тогаш Исус отворено им рече: „Лазар умре. Мило ми е што Јас не бев таму, зашто сега ќе добиете уште една можност да поверувате. Но, ајде да одиме кај него.“
Јован 11:9-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Исус одговори: „Нели има дванаесет часови во денот? Кој оди дење, не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет; а кој оди ноќе, се сопнува, зашто нема светлина во него.“ Ова им го кажа, а потоа им рече: „Лазар, пријателот наш, заспал; но ќе отидам да го разбудам.“ Тогаш учениците Негови рекоа: „Господи, ако заспал, ќе стане.“ Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон. Тогаш Исус рече отворено: „Лазар умре! Но се радувам заради вас што не бев таму, та да поверувате – туку, да отидеме кај него.“
Јован 11:9-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Исус одговори: „Зар денот нема дванаесет часови? Ако некој оди дење, не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет; а ако некој оди ноќе, се сопнува, зашто нема светлина во него. Тоа им рече, а потоа продолжи: „Нашиот пријател Лазар заспа; туку, одам да го разбудам.“ Тогаш учениците Му рекоа: „Господи, ако заспал, ќе оздрави.“ Но Исус зборуваше за неговата смрт, а тие мислеа дека зборува за починка во сон. Тогаш Исус им рече јасно: „Лазар умре; и се радувам заради вас, дека не бев таму, - за да поверувате; туку, да отидеме при него.“