Јован 11:7-10
Јован 11:7-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Потоа им рече на Своите ученици: „Ајде сега да се вратиме во Јудеја!“ „Учителе!“ - Му рекоа учениците - „Еврејските верски водачи штотуку сакаа да Те каменуваат, а Ти повторно сакаш да одиш таму!?“ Исус им одговори: „Денот има дванаесет часа, нели? Тој што оди дење не се сопнува, бидејќи пред себе ја има дневната светлина. Ако човек оди ноќе тој се сопнува, бидејќи пред себе нема светлина.“
Јован 11:7-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја!“ Учениците Му рекоа: „Рави, сега сакаа да Те убијат со камења, и пак ли таму ќе одиш?“ Исус одговори: „Нели има дванаесет часови во денот? Кој оди дење, не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет; а кој оди ноќе, се сопнува, зашто нема светлина во него.“
Јован 11:7-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја.“ Учениците Му рекоа: „Рави, Јудејците сега сакаа да Те убијат со камења, а Ти пак одиш онаму?“ Исус одговори: „Зар денот нема дванаесет часови? Ако некој оди дење, не се сопнува, зашто ја гледа светлината на овој свет; а ако некој оди ноќе, се сопнува, зашто нема светлина во него.