Јован 11:41-44
Јован 11:41-44 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш луѓето го тргнаа каменот. Исус го подигна погледот кон небото и рече: „Татко, Ти благодарам што Ми ја услиши молитвата. Јас знам дека Ти секогаш Ми одговараш на молитвите, но ова го реков заради народот што стои наоколу, за да поверуваат дека Јас сум Твој пратеник.“ Кога Исус ја заврши молитвата, извика: „Лазаре, излези надвор!“ Умрениот излезе, завиткан со повои околу нозете и рацете, а околу лицето му беше замотана шамија. „Одврзете го и пуштете го да оди!“ - им рече Исус.
Јован 11:41-44 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш го дигнаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: „Оче, Ти благодарам што Ме услиши. Јас знаев дека Ти секогаш Ме услишуваш; но ова го реков заради народов што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“ Кога го рече ова, извика со висок глас: „Лазаре, излези надвор!“ излезе умрениот, завиткан во платно по рацете и нозете; а лицето забрадено со крпа. Им рече Исус: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“
Јован 11:41-44 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш го поместија каменот, а Исус ги подигна очите нагоре и рече: „Татко, Ти благодарам, што Ме послуша. Јас знаев дека секогаш Ме слушаш; но ова го реков заради народот, кој стои тука, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“ Откако го рече тоа, викна со силен глас: „Лазаре, излези на-двор!“ Умрениот излезе, зави-ткан со повои по рацете и нозете, а лицето му беше забрадено со крпа. Исус им рече: „Одвиткајте го и оставете го да оди!“