Јован 11:32-34
Јован 11:32-34 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Кога Марија дојде до местото каде што беше Исус и кога Го виде, клекна пред Неговите нозе и Му рече: „Господе, да беше Ти овде мојот брат немаше да умре!“ Кога виде Исус како плачат Марија и Евреите што беа со неа длабоко се натажи и се потресе. „Каде го погребавте?“ - запраша Тој. „Господе“, - Му рекоа тие - „дојди да видиш.“
Јован 11:32-34 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
А Марија, штом пристигна таму каде што беше Исус и кога Го виде, падна пред нозете Негови и рече: „Господи, да беше ти овде, немаше да умре брат ми!“ Исус, пак, кога ја виде како плаче, и Јудејците што беа дошле со неа како плачат, се натажи и се потресе, па рече: „Каде сте го положиле?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“
Јован 11:32-34 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
А кога Марија дојде таму, каде што беше Исус и кога Го виде падна пред Неговите нозе и Му рече: „Господи, да беше тука, немаше да умре брат ми.“ Кога Исус ја виде како плаче, и како плачат Јудејците, кои дојдоа со неа, се растажи во духот, и се потресе и рече: „Каде го поло-живте?“ Му рекоа: „Господи, дојди и види!“