Јован 11:11-15
Јован 11:11-15 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ова им го кажа, а потоа им рече: „Лазар, пријателот наш, заспал; но ќе отидам да го разбудам.“ Тогаш учениците Негови рекоа: „Господи, ако заспал, ќе стане.“ Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон. Тогаш Исус рече отворено: „Лазар умре! Но се радувам заради вас што не бев таму, та да поверувате – туку, да отидеме кај него.“
Јован 11:11-15 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Откако го рече ова, Исус им најави: „Нашиот пријател Лазар заспал, и Јас одам таму за да го разбудам.“ „Господе“, - Му рекоа учениците - „Штом заспал, значи дека заздравува од болеста!“ (Исус сакаше да каже дека Лазар умрел, но тие претпоставија дека зборува за обично спиење.) Тогаш Исус отворено им рече: „Лазар умре. Мило ми е што Јас не бев таму, зашто сега ќе добиете уште една можност да поверувате. Но, ајде да одиме кај него.“
Јован 11:11-15 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тоа им рече, а потоа продолжи: „Нашиот пријател Лазар заспа; туку, одам да го разбудам.“ Тогаш учениците Му рекоа: „Господи, ако заспал, ќе оздрави.“ Но Исус зборуваше за неговата смрт, а тие мислеа дека зборува за починка во сон. Тогаш Исус им рече јасно: „Лазар умре; и се радувам заради вас, дека не бев таму, - за да поверувате; туку, да отидеме при него.“