Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јован 11:1-7

Јован 11:1-7 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Еден пријател на Исус, по име Лазар, се разболе. Тој беше од селото Бетанија, и живееше со своите сестри Марија и Марта. (Тоа беше онаа Марија што подоцна Го помаза Господа со скапоцен парфем и Му ги избриша стапалата со својата коса; нејзиниот брат, Лазар, беше тој што се разболе.) Тогаш сестрите испратија ваква порака до Исус: “Господе, твојот драг пријател се разболе!“ Штом го слушна тоа, Исус рече: „Оваа болест на Лазар не е за тој да умре, туку за да Му донесе слава на Бог и за да се прослави Божјиот Син преку неа.“ (Исус многу ги сакаше Марта, нејзината сестра и нивниот брат Лазар.) Сепак, откако слушна дека Лазар е болен, Тој остана уште два дена таму каде што беше. Потоа им рече на Своите ученици: „Ајде сега да се вратиме во Јудеја!“