Јован 10:9-11
Јован 10:9-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Јас сум вратата. Секој што ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; ќе може да влегува, да излегува и да наоѓа пасиште. Крадецот доаѓа само за да украде, да убие и да уништи. Јас дојдов за да дадам живот - и тоа живот во сета негова полнота. Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир го дава Својот живот за овците.
Јован 10:9-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде. Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие. Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си ја полага својата душа за овците
Јован 10:9-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Јас Сум вратата; кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде паси-ште. Крадецот влегува само да украде, да заколе и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат изобилно.“ “Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците.