Јован 10:7-30
Јован 10:7-30 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Тогаш Исус пак им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас сум вратата за овците. Сите, колку што дојдоа пред Мене, крадци се и разбојници; но овците не ги послушаа. Јас сум вратата: кој ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; и ќе влезе, и ќе излезе, и пасиште ќе најде. Крадецот доаѓа само да украде, да убие и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат во изобилие. Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир си ја полага својата душа за овците; а наемникот, кој не е пастир и не е сопственик на овците, ако види дека доаѓа волк, ги остава овците и бега; и волкот ги разграбува и ги распрснува овците. Наемникот бега, зашто е наемник, и не се грижи за овците. Јас сум добриот Пастир; и ги знам Моите, и Моите Ме знаат Мене. Како Мене што Ме познава Отецот, така и Јас Го познавам Отецот; и душата Своја ја полагам за овците Свои. И други овци имам, што не се од ова трло, и нив треба да ги приберам; и ќе го чујат гласот Мој и ќе биде едно стадо и еден пастир. Затоа Ме љуби Отецот, зашто Јас животот Свој си го полагам за да го примам пак. Никој не Ми го одзема, туку Јас Сам од Себе го давам. Имам власт да го дадам и власт имам пак да си го земам. Оваа заповед ја примив од Својот Отец.“ И пак настана расправија меѓу Јудејците заради овие зборови. Мнозина од нив велеа: „Зол дух има и не е при Себе. Зошто Го слушате?“ Други велеа: „Ова не се зборови на луд човек; може ли луд човек на слеп да му отвори очи?“ А беше тогаш во Ерусалим празникот Обновување на храмот и беше зима. Одеше Исус во храмот, по тремот Соломонов. А Јудејците Го опколија и Му рекоа: „До кога ќе ги мачиш нашите души? Ако си Ти Христос, кажи ни отворено!“ Исус им одговори: „Ви реков, и не верувате. Делата што ги вршам Јас во името на Мојот Отец, тие сведочат за Мене. Но вие не верувате, бидејќи не сте од Моите овци, како што ви реков. Моите овци го слушаат Мојот глас и Јас ги познавам; и тие одат по Мене, и Јас ќе им дадам вечен живот; и никогаш нема да загинат; и никој не ќе ги истргне од раката Моја. Мојот Отец, што Ми ги даде, е поголем од сите; и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Отец. Јас и Отецот сме едно.“
Јован 10:7-30 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Тогаш Исус повторно им рече: „Ве уверувам дека Јас сум вратата за овците. Сите што дојдоа пред Мене беа крадци и разбојници, но Божјите овци не ги послушаа. Јас сум вратата. Секој што ќе влезе преку Мене, ќе се спаси; ќе може да влегува, да излегува и да наоѓа пасиште. Крадецот доаѓа само за да украде, да убие и да уништи. Јас дојдов за да дадам живот - и тоа живот во сета негова полнота. Јас сум добриот Пастир. Добриот пастир го дава Својот живот за овците. Наемникот не е вистински пастир; овците не се негови, и кога тој ќе забележи дека се приближува волк ги остава овците и бега. Тогаш волкот го напаѓа стадото и го распрснува. Наемникот бега, зашто е наемник и не му е грижа за овците. Јас сум добриот Пастир. Јас ги познавам Моите овци и тие Ме знаат Мене, како што Таткото Ме знае Мене, и како што Јас Го знам Таткото. И Својот живот го давам за овците. Имам и други овци, кои не се од ова стадо. И нив треба да ги приберам, кога ќе го слушнат Мојот глас. Тогаш ќе има едно стадо и еден Пастир. Таткото Ме сака, бидејќи Јас го давам Својот живот за повторно да си го земам. Никој не ми го одзема животот, туку Јас доброволно го давам. Имам моќ да го дадам Својот живот и имам моќ повторно да си го вратам. Ова овластување го примив од Мојот Татко.“ Заради овие зборови на Исус, повторно се појави раздор меѓу еврејските верски водачи. Многумина од нив велеа: „Обземен е од демон! Полудел! Зошто Го слушате!?“ Други, пак, велеа: „Овие зборови не се зборови на човек обземен од демон! Може ли човек што е обземен од демон да им ги отвора очите на слепи луѓе!?“ Беше зима и во Ерусалим се славеше празникот Ханука. Исус се шеташе во храмот, под Соломоновиот трем. Еврејските верски водачи се насобраа околу Него и Го прашаа: „До кога ќе не држиш во неизвесност? Ако си Ти Месијата, кажи ни отворено!“ Исус им одговори: „Јас ви кажав, но вие не верувате. Делата, што ги вршам во името на Мојот небесен Татко, покажуваат кој сум Јас. И покрај тоа, вие не верувате, зашто не сте од Моите овци. Моите овци го познаваат Мојот глас. Јас ги познавам, а тие Ме следат. Јас им давам вечен живот и тие никогаш нема да згинат. Никој не може да ги грабне од Мојата рака. Мојот Татко, Кој Ми ги даде, е посилен од сите. Никој не може да ги грабне од раката на Мојот Татко. Јас и небесниот Татко сме едно.“
Јован 10:7-30 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Исус им рече пак: „Вистина, вистина ви велам: Јас Сум вратата на овците. Сите, кои дојдоа пред Мене, се крадци и разбојници; но овците не ги послу-шаа. Јас Сум вратата; кој ќе влезе низ Мене, ќе биде спасен, ќе влегува и ќе излегува и ќе најде паси-ште. Крадецот влегува само да украде, да заколе и да погуби. Јас дојдов за да имаат живот и да го имаат изобилно.“ “Јас Сум Добриот Пастир. Добриот пастир го дава својот живот за овците. Наемникот, кој не е овчар, кому овците не му припаѓаат, го гледа волкот како доаѓа, ги остава овците и бега; а волкот ги разграбува и ги распрснува; зашто е наемник и не се грижи за овците. Јас Сум Добриот Пастир: и ги познавам Моите и Моите Ме познаваат Мене. Како што Татко Ми Ме познава Мене, и Јас Го познавам Мојот Татко; и Јас го давам Мојот живот за овците. И други овци имам, што не се од овој овчарник; и нив треба да ги доведам, па ќе го слушаат Мојот глас и ќе биде едно стадо и еден Пастир. Таткото Ме љуби затоа, што Јас го давам Својот живот, за да го земам пак. Никој не Ми го одзема, туку Јас го давам Сам од Себе. Имам власт да го дадам, и имам власт да го земам пак. Оваа заповед ја примив од Мојот Татко.“ Заради тие зборови пак настана раздор меѓу Јудејците. Мнозина од нив велеа: „Опфатен е од демон и безумствува, зошто Го слушате?“ Други велеа: „Тоа не се зборови на опфатен од демон. Може ли демон да отвора очи на слепци?“ Тогаш во Ерусалим се празнуваше Посветување; беше зима. А Исус одеше по Соломоновиот трем на Храмот. Тогаш Јудеј-ците Го опкружија и Му рекоа: „До кога ќе ни ја измачуваш душата? Ако си Ти Христос, кажи ни слободно!“ Исус им одговори: „Ви реков, и не верувате. Делата што Јас ги правам - во името на Мојот Татко - сведочат за Мене. Но, вие не верувате, зашто не сте од Моите овци. Моите овци го слушаат Мојот глас, и Јас ги познавам, и тие идат по Мене. Јас им давам вечен живот и никако нема да загинат и никој нема да ги грабне од Мојата рака. Мојот Татко - Кој ми ги даде - е поголем од сите, и никој не може да ги грабне од раката на Мојот Татко. Јас и Татко Ми едно сме.“