Јован 1:5-10
Јован 1:5-10 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Оваа Светлина свети во темнината, и темнината никогаш не може да ја изгаси. Се појави еден човек, по име Јован Крстител, кој беше испратен од Бог. Тој дојде како сведок, за да им каже на сите за Светлината и да ги упати луѓето во верата. Јован не беше Светлината; тој беше само сведок за Светлината. Вистинската Светлина, која го осветлува секој човек, стапуваше на светската сцена. Иако Зборот беше во светот и светот беше преку Него создаден, светот не Го позна.
Јован 1:5-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати. Имаше еден човек по име Јован, испратен од Бога; тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината. Беше Вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓаше во светов. Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна.
Јован 1:5-10 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати. Се јави човек, испратен од Бога, по име Јован. Тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. Тој не беше светлина, туку да сведочи за Светлината. Вистинската Светлина, Која го осветлува секој човек, доаѓаше во светот. Беше во светот, и светот стана преку Него, но светот не Го позна.