Јован 1:4-12
Јован 1:4-12 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
И самиот живот беше во Зборот, и Тој живот им дава светлина на луѓето. Оваа Светлина свети во темнината, и темнината никогаш не може да ја изгаси. Се појави еден човек, по име Јован Крстител, кој беше испратен од Бог. Тој дојде како сведок, за да им каже на сите за Светлината и да ги упати луѓето во верата. Јован не беше Светлината; тој беше само сведок за Светлината. Вистинската Светлина, која го осветлува секој човек, стапуваше на светската сцена. Иако Зборот беше во светот и светот беше преку Него создаден, светот не Го позна. Кај Своите дојде, но тие не Го прифатија. А на сите што Го прифатија - на оние што поверуваа во Него - им даде право да станат Божји чеда.
Јован 1:4-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето. Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати. Имаше еден човек по име Јован, испратен од Бога; тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината. Беше Вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓаше во светов. Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна. Дојде кај Своите, но Своите не Го примија. А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде моќ да станат чеда Божји
Јован 1:4-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Во Него беше живот и животот им беше светлина на луѓето. И светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати. Се јави човек, испратен од Бога, по име Јован. Тој дојде за сведоштво, за да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. Тој не беше светлина, туку да сведочи за Светлината. Вистинската Светлина, Која го осветлува секој човек, доаѓаше во светот. Беше во светот, и светот стана преку Него, но светот не Го позна. Дојде при Своите, но Неговите не Го примија. А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име