Јован 1:10-13
Јован 1:10-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Иако Зборот беше во светот и светот беше преку Него создаден, светот не Го позна. Кај Своите дојде, но тие не Го прифатија. А на сите што Го прифатија - на оние што поверуваа во Него - им даде право да станат Божји чеда. Тие се нановородени, но овојпат не физички, не од телесна похота, или пак од волјата на маж, туку се родени од Бог.
Јован 1:10-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна. Дојде кај Своите, но Своите не Го примија. А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде моќ да станат чеда Божји; кои не по крв, ни по желба на телото, ни од похот машка, туку од Бога се родија.
Јован 1:10-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Беше во светот, и светот стана преку Него, но светот не Го позна. Дојде при Своите, но Неговите не Го примија. А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име: кои не се родија ниту од крв, ниту од телесна похот, ни од волја на маж, туку од Бога.