Еремија 29:12-14
Еремија 29:12-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па ќе повикате по Мене, ќе дојдете и ќе Ме замолите, и Јас ќе ве чујам; ќе Ме побарате, и ќе Ме најдете, ако Ме побарате од сѐ срце. Ќе Ме најдете, вели Господ, и ќе ве вратам од ропство и ќе ве соберам откај сите народи и од сите места, каде што ве изгонив, вели Господ, и ќе ве вратам онаму, од каде што ве преселив.
Еремија 29:12-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Тогаш ќе Ме повикувате, ќе доаѓате кај Мене, ќе Ми се молите, и Јас ќе ве слушам. Ќе Ме барате и ќе Ме најдете, зашто ќе Ме барате со сето свое срце. И ќе оставам да Ме најдете - зборува Господ, ќе ја изменам вашата судбина и ќе ве соберам од сите места каде што ве истерав, зборува Господ. И ќе ве вратам во местото откаде ве одведов на заточение.