Еремија 28:15-16
Еремија 28:15-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Па му рече пророкот Еремија на пророкот Ананија: слушај, Ананија, Господ не те пратил, а ти лажна надеж му даваш на овој народ. Затоа, вака вели Господ: еве, Јас ќе те исфрлам од лицето на земјата; уште во текот на оваа година ќе умреш, бидејќи зборуваш против Господ.
Сподели
Прочитај Еремија 28Еремија 28:15-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И пророкот Еремија му рече на Ананиј: „Чуј ме добро, Ананија! Господ не те испрати тебе, а ти разбуди во народот измамливи надежи. Затоа Господ зборува вака: ‘Ете, те бришам од лицето на земјата! Ќе умреш уште во оваа година, зашто проповедаше побуна против Господа!’“
Сподели
Прочитај Еремија 28