Еремија 12:1-4
Еремија 12:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Праведен си Ти, Господи, зар би се спорел со Тебе; но ќе проговорам за судовите Твои. Зошто патот на безбожниците е успешен и зошто подлите живеат во мир? Ти ги посади, и тие се вкоренија и израснаа, па и плод даваат; во устата нивна Ти си близок, но далеку си од срцето нивно. А мене, Господи, Ти ме познаваш, Ти ме гледаш и го испитуваш срцето мое – тоа е со Тебе. Одвои ги како овци за клање и приготви ги за денот, кога ќе бидат убиени. До кога ќе тагува земјата, и ќе се суши тревата по сите полиња? Добитокот и птиците гинат поради беззаконијата на жителите нејзини; зашто велат: Тој нема да види што ќе правиме ние.
Еремија 12:1-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Преправеден си, Господи, за да можам да се судам со Тебе: Само едно би расправил со Тебе: Зошто е злосторничкиот пат успешен? Зошто подмолниците уживаат мир? Ти ги посади, а тие се вкоренеа, растат и донесуваат плод. Но Ти си близу само до нивната уста, а далеку си од нивните срца. Но Ти, Господи, ме познаваш мене и ме гледаш; го испита моето срце, тоа е со Тебе. Одведи ги како јагниња на колење, запази ги за денот на колежот. До кога ќе тагува земјата, до кога ќе се суши тревата по сето поле? Заради нечесноста на нејзините жители пцовисуваат добитокот и птиците! Зашто зборуваат: „Господ не ги гледа нашите патишта.“