Еремија 1:9-14
Еремија 1:9-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И ја протегна Господ раката и се допре до устата моја; и ми рече Господ: „Ете, Јас ги ставив Моите зборови во устата твоја. Гледај, Јас те поставив денес над народи и царства, за да искоренуваш и разурнуваш, да погубуваш и да разрушуваш, да ѕидаш и да насадуваш.“ И пак беше упатено слово Господово до мене: „Што гледаш, Еремија?“ Одговорив: „Гледам гранка од бадемово дрво.“ Господ ми рече: „Добро гледаш, зашто Јас бдеам над Моето слово, за да се изврши.“ И по вторпат беше упатено слово Господово кон мене: „Што гледаш?“ Одговорив: „Гледам котел што врие, а отворот му е кон север.“ И ми рече Господ: „Од север ќе букне злото врз сите луѓе што живеат на земјата.
Еремија 1:9-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
И тогаш Господ ја протегна раката, ја допре мојата уста и рече: „Еве, ги ставам Моите зборови во твојата уста. Ете, те поставувам денес над народите и над царствата, за да истребуваш и разурнуваш, за да сотираш и ништиш, за да градиш и садиш.“ И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш, Еремија?“ А јас реков: „Гледам бадемова гранка.“ Тогаш Господ ми рече: „Добро гледаш, зашто јас бдеам над Моите зборови, за да ги исполнам!“ И ми дојде Господовото слово: „Што гледаш?“ А јас реков: „Гледам зовриен грнец, а неговиот отвор гледа кон север.“ И Господ ми рече: „Злото ќе избувне од север против сите жители на оваа земја.