Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Судии 7:1-9

Судии 7:1-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Јероваал, односно Гедеон, и сиот народ што беше со него, тргнаа рано утрината и се сместија кај Ен-Ха­род; мидјанскиот, пак, логор беше на север од него, кај ридот Море, во до­лината. И Господ му рече на Гедеон: „Со тебе има многу народ, не можам да ги предадам Мидјаните во негови раце за да не се возгордее Израел пред Мене и да каже: ‚мојата рака ме спаси‘. Затоа разгласи да чуе народот, и кажи: ‚Кој страхува и е плашлив, нека се врати и веднаш нека оди на гората Галаад.‘“ И се вратија од народот дваесет и две илјади мажи, а десет илјади останаа. И му рече Господ на Гедеон: „Народ сѐ уште има многу; одведи ги кај водата, таму ќе ти ги одберам; за кого ќе речам: ‚да оди со тебе‘, нека оди со тебе; а за кого ќе ти кажам: ‚не треба да оди со тебе‘, нека не оди.“ Тој го одведе народот кај водата. И му рече Господ на Гедеон: „Кој лока вода со јазикот свој, како што лока куче, него стави го настрана, исто така и сите оние што клекнуваат за да пијат вода.“ И бројот на оние што локаа со уста од рака, изнесуваше триста мажи; а сиот друг народ клекнуваше на коленици, за да пие вода. И му рече Господ на Гедеон: „Со тие триста што локаа, ќе ве спасам и ќе ви ги предадам Мидјаните во рацете ваши, а сите други нека си одат секој во своето место.“ И тие ја зедоа храната од народот за себе и трубите нивни, и Гедеон ги пуш­ти сите Израелци да се вратат дома, а задржа кај себе триста души. Мид­јан­скиот логор, пак, беше подолу од него – во долината. Во онаа ноќ Господ му рече: „Стани, слези во логорот, зашто ти го предадов во твои раце.

Судии 7:1-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Порани Јеровал, односно Гедеон, и сиот народ што беше со него, и се влогорија кај изворот Арод, а логорот на Мадијамците се наоѓаше на север од неговиот, во подножјето на брегот Море, во долината. Тогаш Господ му рече на Гедеона: „Премногу народ е со тебе, а за да ги предадам Мадијамците во нивните раце, зашто Израел би можел да се возгордее пред Мене и да рече: ‘Сопствената рака ме избави.’ Затоа разгласи за да чуе народот: ‘Кој се бои и стравува, нека се врати од Галадската Гора.’“ Гедеон ги испита: дваесет и две илјади луѓе од народот се вратија, а останаа десет илјади. Господ му рече на Гедеона: „Уште е премногу народ. Поведи ги на вода, и таму ќе ги испитам. За кого ќе ти речам: ‘Нека оди со тебе,’ тој ќе дојде со тебе. А за кого ќе ти речам: ‘Нека не иде со тебе,’ тој не ќе дојде.“ Гедеон го поведе народот на вода, и Господ му рече: „Кој ќе лока вода со јазикот како што лока кучето, оддели го настрана, кој ќе клекне да пие, одвои го на другата страна.“ Оние што локаа вода со јазикот од раката, принесена до устата, беа триста, а сиот друг народ клекна за да пие. Тогаш Господ му рече на Гедеона: „Со оние триста луѓе, кои локаа вода, Јас ќе ве избавам, и ќе ги предадам Мадијамците во вашите раце. Сите други нека се вратат, секој во своето место.“ И тогаш тие ги зедоа од луѓето храната и роговите за трубење, а Гедеон ги отпушти Израелците, секој во неговиот шатор; ги задржа само оние три стотини мажи. А логорот на Мадијамците беше подолу од него, во долината. Во онаа ноќ Господ му рече: „Стани, нападни го логорот, зашто ти го предавам во рацете.