Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 5:13-20

Јаков 5:13-20 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Ако некој меѓу вас е во невола, нека се моли. Ако е весел, нека пее песни на благодарност. Ако некој од вас е болен, нека ги викне старешините на црквата да дојдат и да се молат за него. Нека ги замоли да го помазат со маслиново масло во името на Господ. Ако се молите со вера, ќе му помогнете на болниот. Господ ќе го оздрави и, ако направил грев, ќе му прости. Признавајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да бидете исцелени. Енергичната молитва од праведен човек има голема сила! Илија беше човек од крв и месо, како што сме и ние. Кога тој се помоли да не врне дожд - три и пол години дожд не заврна на земјата. Потоа пак се помоли и заврна дожд, па земјата си ги даде своите плодови. Пријатели мои, христијани, ако некој од вас застрани од вистината, треба да се потрудите да го вратите назад. Оној што ќе врати грешник од погрешен пат, ќе ја спаси неговата душа од смрт и ќе покрие многу гревови.

Јаков 5:13-20 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А ако некој од вас страда, нека Му се моли на Бога; весел ли е, нека Го фа­ли Господа! Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика свештениците црковни, та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат. Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот. Илија беше човек смртен, како и ние, и со молитва Му се помоли на Бога да нема дожд, и не падна дожд на земјата три години и шест месеци. И пак се помоли, па небото даде дожд и земјата го даде својот плод. Ако, браќа, некој од вас се отклони од вистината, и ако некој друг го по­вра­ти, тој нека знае дека оној што обрати грешник од лажлив пат, спасува една ду­ша од смрт и ќе покрие многу гре­во­ви.

Јаков 5:13-20 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Страда ли некој меѓу вас, нека се моли; весел ли е некој, нека Го фали Бога. Боледува ли некој меѓу вас, нека ги повика старешините на црквата, и тие нека се помолат над него, и нека го помажат со масло во името на Господа, и молитвата на вера, ќе го спаси болниот и Господ ќе го крене, и ако направил гревови, ќе му бидат простени. И така, исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да оздравите! Делотворната молитва на праведникот има голема сила. Илија беше човек по природа ист како и ние, и се помоли со молитва да нема дожд и не падна дожд на земјата три години и шест месеци. И пак се помоли, па небото даде дожд, и земјата го произведе својот плод. Браќа мои, ако некој се отклони од вистината, и некој го го поврати, нека знае дека оној, кој ќе го врати грешникот од неговиот заблуден пат, ќе ја спаси неговата душа од смрт и ќе покрие мноштво на гревови.