Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Јаков 3:1-6

Јаков 3:1-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)

Драги пријатели, не треба сите да настојуваме да станеме учители во Црквата. Всушност, ние, учителите, ќе бидеме судени построго од другите луѓе. Сите ние грешиме во многу работи, но ако умееме да си го зауздаме јазикот, тогаш сме зрели луѓе, па ќе можеме да го зауздаме и целото тело. На коњите им ставаме узда во устата, за да ги натераме да ни се покоруваат и да одат онаму каде што ние сакаме. Земете ги бродовите за пример. Тие се толку големи, а сепак кормиларот со мало кормило ги води онаму каде што сака, и покрај силните ветрови кои ги движат. Така е и со јазикот. Мал орган е, но голема штета може да направи. Едно жарче може цела шума да запали! Јазикот е оган, најопасен од сите наши органи. Во состојба е целото тело да го опогани. Јазикот може целиот наш живот да го запали, бидејќи се пали од самиот пекол.

Јаков 3:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Не барајте, браќа мои, мнозина да станете учители, зашто знаете дека поголемо осудување ќе добиеме. Сите ние многу грешиме. Но оној, кој во зборови не греши, тој е совршен човек, силен да го заузда и целото тело. Ете, ако и ние на коњите им ставиме узда на устите, за да ни се покоруваат, тогаш управуваме со целото нивно те­ло. Па, ете, и корабите: иако се толку многу големи и силно гонети од бурни ветрови, со мало кормило се управуваат онаму каде што кормиларот сака; а така и јазикот е мал орган, но го­леми работи зборува. Ете, мал оган, а колку голема гора запалува; и јазикот е оган, свет полн со не­правда; јазикот се наоѓа во таква по­ложба меѓу нашите органи, што го ос­квернува целото тело и го пали времето на нашиот живот, воспалувајќи се сам од пеколот.