Јаков 2:2-4
Јаков 2:2-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Да претпоставиме дека на вашата богослужба доаѓа човек со златни прстење на раката, облечен во убава облека, а влегува и сиромашен човек во одрпана облека. Ако вие, гледајќи според облеката, му речете на човекот во убава облека: „Седни овде, на убаво место.“ - а на сиромашниот му речете: „Ти стој овде!“, или „Седни на подот!“, зарем со тоа не ги двоите луѓето, раководејќи се според неправедни мотиви!?
Јаков 2:2-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако во вашето собрание влезе човек со златен прстен, во светли алишта, и влезе сиромав човек со проста облека, па се загледате на облечениот во светли алишта и му речете: „Ти седни овде убаво!“, а на сиромашниот му речете: „Ти стој таму!“, или „Седни овде, крај подножјето мое!“, зарем со тоа не покажувате пристрасност, и не станувате судии со лоши помисли?
Јаков 2:2-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто ако на вашето собрание дојде човек со златен прстен и со светла облека, а влезе и сиромав во бедна облека, па погледате во оној, во светлата облека, и му речете: „Ти седни тука убаво!“ а на сиромашниот му речете: „Ти стој таму!“ или „Седни до моето подножје.“ Не правите ли разлики помеѓу себе и така станавте судии со лоши помисли?“