Јаков 2:15-17
Јаков 2:15-17 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Да претпоставиме дека некој ваш брат или сестра нема доволно облека или храна. Дали е доволно да му кажете: „Оди си спокојно, Господ нека ти даде облека и храна!“, наместо да му го дадете она што му е неопходно за да преживее!? Така е и со верата. Ако не е поткрепена со соодветни постапки, таквата вера е мртва вера.
Јаков 2:15-17 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако некој брат или сестра се голи и немаат што да јадат, па некој од вас им рече: „Одете си со мир, грејте се и наситете се!“, а не им даде што им е потребно за телото – каква полза? И така, верата, ако нема дела, сама по себе е мртва.
Јаков 2:15-17 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ако некој брат или сестра се голи и без секојдневната храна, па некој од вас им рече: „Одете си во мир, стоплете се и наситете се!“ а не им даде она, што им е потребно за телото, каква е ползата? Така и верата: ако нема дела, мртва е сама по себе.