Јаков 2:10-13
Јаков 2:10-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Дури и ако некој се придржува до целиот Закон, а згреши само на едно место, тој е виновник, како и оној што го прекршува целиот Божји Закон. Зашто, истиот Бог, Кој рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Ако не си извршил прељуба, а си убил, ти си прекршител на Законот. Зборувајте и постапувајте како луѓе што ќе бидат судени според милостивиот Закон што не ослободува! Инаку, на Судниот ден Бог нема да има милост спрема оние што биле безмилосни спрема другите. Милоста ја поразува осудата.
Јаков 2:10-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто, кој го пази целиот Закон, а згреши само во едно, виновен ќе биде за сѐ. Зашто Оној, Кој рекол: „Не прави прељуба!“, рекол и: „Не убивај!“ Па затоа, ако не вршиш прељуба, а убиеш, ти ќе станеш престапник на Законот. Зборувајте и постапувајте како оние што ќе бидат судени според законот на слободата. Зашто судот ќе биде безмилосен спрема оној кој не покажува милост; милоста надвива над судот.
Јаков 2:10-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто кој го пази целиот закон, а се сопне само во едно, станува виновен за сѐ. Зашто Оној Кој рекол: „Не прави прељуба!“ рекол и: „Не убивај!“ Ако не направиш прељуба, а убиеш, стануваш престапник на законот. Така зборувајте и така постапувајте како луѓе, кои ќе бидат судени по законот на слободата. Зашто судот нема милост кон оној, кој не покажувал милост. Милоста слави победа над судот.