Јаков 1:5-11
Јаков 1:5-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде. Но да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, прилега на морски бран, кого ветрот го издига и растура; таков човек нека не мисли дека ќе добие нешто од Господ. Човек што се двоуми во сите свои патишта е непостојан. Братот, кој е на пониска положба, нека се фали со возвишеноста своја, а богатиот – со својата понизност, бидејќи тоа е минливо како цвет од трева; зашто како што сонцето огрева и со својата жега ја исушува тревата, и цветот нејзин отпаѓа, и убавината на нејзиниот изглед исчезнува, така ќе овене и богатиот во својот пат.
Јаков 1:5-11 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него. Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате. Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и го разбива. Таквиот човек нека не очекува дека ќе добие нешто од Господ, бидејќи е нерешителен и непостојан во се. Христијаните што се сиромашни треба да се гордеат со својот возвишен позив, а богатите - со понизност. Богатите ќе прецветаат како дивите цветови. Ќе огрее жешкото сонце, ќе ја исуши тревата, па дивите цветови ќе се исушат и сета нивна убавина ќе исчезне. Така е и со богатите. Ќе овенат презафатени со она што го работат.
Јаков 1:5-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор - и ќе му се даде. Но да моли со вера, без никакво сомнение; зашто оној кој се сомнева е сличен на морскиот бран кого ветерот го издига и го тера. Таквиот човек да не мисли, дека ќе прими нешто од Господа. Човекот со разделена душа е непостојан во сите свои патишта. Бедниот брат да се фали во својата возвишеност, а богатиот во својата понизност, зашто ќе помине како цветот на тревата. Зашто сонцето изгреа со жега и ја осуши тревата, па нејзиниот цвет отпадна и исчезна убавината на нејзиниот изглед. Така и богатиот ќе овене во своите патишта.