Јаков 1:3-5
Јаков 1:3-5 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате. Морате да научите се да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува. Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него.
Јаков 1:3-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост: трпеливоста, пак, нека биде совршено дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток. Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде.
Јаков 1:3-5 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпение! А трпението нека има совршено дело, за да бидете совршени и потполни: без никаков недостаток. Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор - и ќе му се даде.