Јаков 1:21-24
Јаков 1:21-24 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Затоа отфрлете ја сета нечистотија и сето зло што е во вас, па понизно прифатете ја пораката што Бог ја насади во вашите срца и што може да ве спаси. Немојте само да слушате и со тоа да се залажувате. Исполнувајте го тоа што ќе го чуете! Тој што слуша, а не исполнува, е како човек што ќе се погледне во огледало, и ќе си замине, заборавајќи како изгледа!
Јаков 1:21-24 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Затоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со кроткост примете го насаденото слово, кое може да ги спаси вашите души. Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе. Зашто, кој го слуша словото, а не го извршува, тој прилега на човек кој го гледа своето сопствено лице во огледало; ќе се погледне, па ќе си замине, и веднаш заборава каков бил.
Јаков 1:21-24 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Затоа отфрлете од себе: секаква нечистота, и последниот остаток на злобата, и примете го со кротост во вас насаденото Слово, кое може да ги спаси вашите души. Но бидете извршители на Словото, а не само слушатели, кои се измамуваат себеси. Зашто, кој го слуша Словото, а не го извршува, сличен е на човек, кој го набљудува своето природно лице во огледало; ќе се погледне и ќе замине, и веднаш заборава каков бил.