Јаков 1:2-6
Јаков 1:2-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост: трпеливоста, пак, нека биде совршено дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток. Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја побара од Бога, Кој на сите им дава изобилно и без приговарање – и ќе му се даде. Но да моли со вера и никако да не се сомнева; зашто оној кој се сомнева, прилега на морски бран, кого ветрот го издига и растура
Јаков 1:2-6 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Радувајте се, христијани, кога минувате низ разни искушенија, зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате. Морате да научите се да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува. Ако на некој од вас му недостасува мудрост, нека бара од Бог и Тој ќе му даде. Бог е дарежлив спрема сите и не се лути кога бараме нешто од Него. Но, кога барате, треба да барате со вера, без да се сомневате. Оној што се сомнева е како морски бран што ветрот го носи и го разбива.
Јаков 1:2-6 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сметајте ја за чиста радост браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпение! А трпението нека има совршено дело, за да бидете совршени и потполни: без никаков недостаток. Ако некому од вас му недостига мудрост, нека ја моли од Бога, Кој им дава на сите изобилно и без укор - и ќе му се даде. Но да моли со вера, без никакво сомнение; зашто оној кој се сомнева е сличен на морскиот бран кого ветерот го издига и го тера.