Јаков 1:2-4
Јаков 1:2-4 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Радувајте се, христијани, кога минувате низ разни искушенија, зашто знаете дека колку повеќе вашата вера се проверува, толку поистрајни станувате. Морате да научите се да издржите, за да станете зрели, целосни и ништо да не ви недостасува.
Јаков 1:2-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Радувајте се, браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека проверката на вашата вера создава трпеливост: трпеливоста, пак, нека биде совршено дело за да бидете совршени и целосни, без никаков недостаток.
Јаков 1:2-4 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Сметајте ја за чиста радост браќа мои, кога ќе паднете во разни искушенија, знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпение! А трпението нека има совршено дело, за да бидете совршени и потполни: без никаков недостаток.