Јаков 1:19-21
Јаков 1:19-21 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Драги мои пријатели: повеќе слушајте, а помалку зборувајте и воздржувајте се од гневење. Гневот не води кон правичност каква што Бог очекува од нас. Затоа отфрлете ја сета нечистотија и сето зло што е во вас, па понизно прифатете ја пораката што Бог ја насади во вашите срца и што може да ве спаси.
Јаков 1:19-21 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување, и бавен за гнев, бидејќи човечкиот гнев не ја извршува Божјата правда. Затоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со кроткост примете го насаденото слово, кое може да ги спаси вашите души.
Јаков 1:19-21 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Знајте го ова, возљубени браќа мои: секој човек да биде брз во слушањето, а бавен во зборувањето, бавен на гнев, зашто човечкиот гнев не создава правда пред Бога. Затоа отфрлете од себе: секаква нечистота, и последниот остаток на злобата, и примете го со кротост во вас насаденото Слово, кое може да ги спаси вашите души.