Јаков 1:13-18
Јаков 1:13-18 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Никој, кога е во искушение да направи нешто грешно, нека не вели: „Бог ме искушува со грев!“ Ниту Бог Себеси се проверува со грев, ниту пак вас ве проверува со грев. Секој паѓа во искушение тогаш кога ќе го намамат и ќе го фатат во стапица неговите сопствени, необуздани страсти. Кога необузданата страст ќе се зачне, таа раѓа грев, а растењето на гревот доведува до смрт. Мили мои, не дозволувајте да бидете измамени. Секој добар и совршен дар доаѓа од небото, од Бог, од Оној што ги создал небесните светила. Но за разлика од нив, Тој никогаш не се менува, кај Него нема сенка која би била резултат на поместување! Тој сакаше ние да бидеме првнина меѓу сите Негови созданија и затоа ни ја испрати вистинската порака, за да ни даде ново раѓање.
Јаков 1:13-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува, но секого го искушува неговата похота која го влече и мами. Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт. Не мамете се, браќа мои возљубени. Секој добар дар и секој совршен подарок иде озгора, симнувајќи се од Отецот на светлината, во Кого нема промени ни сенка од измена. Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да бидеме првина меѓу Неговите созданија.
Јаков 1:13-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ниеден, кој е искушуван, да не рече: „Бог ме искушува.“ Зашто, Бог не се искушува од злото, и Самиот никого не искушува. Туку, секого го искушува неговата сопствена похот, која го влече и го мами. Потоа похотта зачнува и раѓа грев, а направениот грев раѓа смрт. Не заблудувајте се, возљубени браќа мои. Секој добар дар и секој совршен подарок доаѓа одозгора, од Таткото на светлината, во Кого нема измени, ниту сенка од промена. Тој нѐ роди според Својата волја преку Словото на вистината, за да бидеме првина на Неговите созданија.