Јаков 1:12-13
Јаков 1:12-13 Динамичен превод на Новиот завет на македонски јазик (MNT)
Благословен е оној човек, што и покрај искушенијата низ кои минува, останува верен. Откако ќе го помине испитот, Бог ќе го награди со вечен живот, како што им вети на сите што Го сакаат. Никој, кога е во искушение да направи нешто грешно, нека не вели: „Бог ме искушува со грев!“ Ниту Бог Себеси се проверува со грев, ниту пак вас ве проверува со грев.
Јаков 1:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Блажен е оној човек кој издржува искушение, бидејќи откако ќе биде проверен, ќе добие венец на животот, што Господ им го ветил на оние кои Го сакаат. Ниеден, кога е во искушение да не вели: „Бог ме искушува“, бидејќи Бог со зло не се искушува, и Тој никого не искушува
Јаков 1:12-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Блажен е човекот, кој поднесува искушение, зашто кога ќе биде испитан, ќе прими венец на живот, што Бог им го ветил на оние, кои Го љубат. Ниеден, кој е искушуван, да не рече: „Бог ме искушува.“ Зашто, Бог не се искушува од злото, и Самиот никого не искушува.