Исаија 66:12-14
Исаија 66:12-14 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Зашто вака вели Господ: „Ете, ќе навртам кон него мир како река, и богатство на народите – како поток, кој се разлива, за ваша наслада; на раце ќе ве носат и на колена ќе ве милуваат. Како што некого го утешува мајка, така ќе ве утешам и Јас; ќе бидете утешени во Ерусалим. И ќе го видите тоа, и ќе се зарадува срцето ваше, и коските ваши ќе цутат како свежо растение, и раката на Господ ќе се јави врз слугите Негови, а на непријателите свои Тој ќе се разгневи.
Исаија 66:12-14 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Зашто Господ зборува вака: „Еве, ќе го навратам мирот врз нив како река, и како збуен поток богатството на народите. Ќе ги носам на раце неговите доенчиња и ќе ги милувам на колената. Како што мајката го теши синот, така и Јас ќе ве утешам - ќе се утешите во Ерусалим.“ Кога ќе го видите тоа, срцето ќе ви се радува, и ќе ви процветаат коските како млада трева. Ќе се пројави Господовата рака на Неговите слуги и гневот над неговите непријатели.