Исаија 63:7-9
Исаија 63:7-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ќе се сеќавам на милоста и славата Господова, за сѐ што Господ ни дарува, за големата Негова благост кон домот Израелов што Тој ја укажа по милосрдноста Своја и по многуте добрини Свои. Тој рече: „Навистина, тие се Мој народ, деца што нема да изневерат,“ – и Тој ќе биде нивни Спасител. Во секоја нивна жалост Тој не ги оставаше и Ангелот на Неговото присуство ги спасуваше; со Својата љубов и добросрдечност Тој ги искупи, ги зеде и ги носеше во текот на сите древни дни.
Исаија 63:7-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ќе ја славам Господовата љубов, Неговите славни дела - за сѐ што им стори Господ, за големата добрина кон Израелевиот дом, што ни ја искажа во Својата сомилост, во изобилството на Својата љубов. Рече: „Доста, тие се Мој народ, синови, кои не ќе изеневерат!“ И Тој им стана Спасител. Во сите нивни тешкотии Тој ги сожалуваше, и Ангел на Неговата присутност ги избавуваше; поради Својата љубов и сомилост, Самиот ги откупи, ги дигна и ги носеше во сите дни на древноста.