Исаија 59:6-8
Исаија 59:6-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Пајажините нивни не ги бива за облека, нема да се покријат со изработката своја; делата нивни се дела неправедни, а насилството е во рацете нивни. Нозете нивни трчаат кон зло, брзаат да пролеваат невина крв; мислите нивни – се мисли нечесни; по патеките нивни – опустошување и погибел. Тие не го знаат патот на мирот и на патеките нивни нема правда; патиштата им се искривени, и никој, кој оди по нив, не знае за мир.
Исаија 59:6-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Не е можно да се облече нивното ткаење; не можеш да се покриеш со нивната ракотворба. Нивните ракотворби се злосторнички дела, прават насилство со своите раце. Нивните нозе итаат кон злото, и се брзи за да пролеат невина крв. Мислите им се злосторнички мисли, опустувања и пропаст се на нивните патишта. Тие не го познаваат патот на мирот, нема правда на нивните патеки. Ги искривија своите патишта, кој тргнува по нив, не го познава мирот.