Исаија 55:6-9
Исаија 55:6-9 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Барајте го Господа, додека можете да Го најдете; викајте Го додека е близу. Нечесниот нека го остави патот свој, и беззаконикот – помислите свои и нека се обрати кон Господ, нашиот Бог, – и Тој ќе го помилува, зашто е многу милостив. Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се Мои патишта, вели Господ. Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли.
Исаија 55:6-9 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Барајте Го Господа додека може да се најде, повикувајте Го додека е близу! Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето. „Зашто вашите мисли не се Мои мисли, и Моите патишта не се ваши патишта,“ слово е Господово. „Небото е високо над земјата, така Моите патишта се над вашите патишта, и Моите мисли над вашите мисли.