Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 55:6-13

Исаија 55:6-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Барајте го Господа, додека можете да Го најдете; викајте Го додека е близу. Нечесниот нека го остави патот свој, и беззаконикот – помислите свои и нека се обрати кон Господ, нашиот Бог, – и Тој ќе го помилува, зашто е многу ми­лостив. Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се Мои патишта, вели Господ. Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли. Како што дождот и снегот паѓаат од небото и таму не се враќаат, туку ја напојуваат земјата и ја прават способна да раѓа и да се зеленее, за да му дава семе на оној, што сее и леб за да јаде, така и Моето слово, што излегува од устата Моја, не се враќа кон Мене празно, туку го исполнува она, што Ми е угодно, и го прави она за што сум го испратил Јас. И така, вие ќе излезете во веселба и ќе бидете испратени со мир; горите и ридовите ќе пеат песна пред вас, и сите дрвја во полето ќе ракоплескаат. Место трн ќе израсне кипарис; мес­то коприва ќе израсне мирта; и тоа ќе биде за слава на Господ, за вечен знак, неразрушив.

Исаија 55:6-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Барајте Го Господа додека може да се најде, повикувајте Го додека е близу! Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето. „Зашто вашите мисли не се Мои мисли, и Моите патишта не се ваши патишта,“ слово е Господово. „Небото е високо над земјата, така Моите патишта се над вашите патишта, и Моите мисли над вашите мисли. Како што паѓа дожд и снег од небото непрекинато додека земјата не се напои, не се оплоди и не се зазеленее, за да му даде семе на сејачот и леб за јадење, така Словото што излегува од Мојата уста не се враќа при Мене без плод, туку го прави она што го сакав и ќе го изврши она заради кое го испратив. Да, ќе отидете со радост, и ќе бидете водени со мир. Горите и брдата ќе воскликнуваат од радост пред вас, и сите дрва во полето ќе плескаат. Место трње ќе растат чемпреси, место копривата ќе никнува мирта. И тоа ќе биде за славата на Господа, како вечен, непоминлив, знак.“