Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 55:3-11

Исаија 55:3-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Приклонете го увото и дојдете при Мене; послушајте, и душата ваша ќе биде жива, – ќе склопам со вас вечен завет, неизменливи милости, ветени на Давид. Ете, Него го дадов сведок за народите, водач и заповедник на народите. Ете, ти ќе повикаш народ, што не си го познавал, и народите, кои не те по­знавале, ќе побрзаат кон тебе, заради Господа, твојот Бог, заради Светецот Израелов, зашто Тој те прослави. Барајте го Господа, додека можете да Го најдете; викајте Го додека е близу. Нечесниот нека го остави патот свој, и беззаконикот – помислите свои и нека се обрати кон Господ, нашиот Бог, – и Тој ќе го помилува, зашто е многу ми­лостив. Моите мисли не се ваши мисли, ниту вашите патишта се Мои патишта, вели Господ. Но, како што е небото повисоко од земјата, така се и Моите патишта повисоки од вашите патишта, и мислите Мои повисоко од вашите мисли. Како што дождот и снегот паѓаат од небото и таму не се враќаат, туку ја напојуваат земјата и ја прават способна да раѓа и да се зеленее, за да му дава семе на оној, што сее и леб за да јаде, така и Моето слово, што излегува од устата Моја, не се враќа кон Мене празно, туку го исполнува она, што Ми е угодно, и го прави она за што сум го испратил Јас.

Исаија 55:3-11 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Приклонете го увото и дојдете при Мене, послушајте Ме, и душата ќе ви живее. Ќе склучам со вас вечен Завет, Завет на милости, ветени на Давида. Еве, те направив сведок на племињата, кнез и заповедник на народите. Еве, ќе повикаш народ кого не го познаваш, и народ што не те знае ќе дотрча при тебе заради Господа, твојот Бог, и заради Израелевиот Светец, зашто Тој те прослави.“ Барајте Го Господа додека може да се најде, повикувајте Го додека е близу! Безбожникот нека го остави својот пат, а неправедникот своите замисли. Нека се врати при Господа, Кој ќе му се смилува, кон нашиот Бог, зашто Тој ќе го умножи опростувањето. „Зашто вашите мисли не се Мои мисли, и Моите патишта не се ваши патишта,“ слово е Господово. „Небото е високо над земјата, така Моите патишта се над вашите патишта, и Моите мисли над вашите мисли. Како што паѓа дожд и снег од небото непрекинато додека земјата не се напои, не се оплоди и не се зазеленее, за да му даде семе на сејачот и леб за јадење, така Словото што излегува од Мојата уста не се враќа при Мене без плод, туку го прави она што го сакав и ќе го изврши она заради кое го испратив.