Исаија 55:1-2
Исаија 55:1-2 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Вие, што жедувате, дојдете сите при водите; дури и вие, кои немате пари, дојдете, купувајте и јадете; дојдете, купувајте вино и млеко без пари и без плаќање. Зошто да трошите пари за она, што не е леб, и заработката своја – за она, што не наситува? Послушајте Ме внимателно и јадете што е добро, и душата ваша нека се слади со сочни јадења.
Исаија 55:1-2 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„О сите вие, кои сте жедни, дојдете при водите; ако и немате сребреници, дојдете, купете и јадете. Да, дојдете, купете вино и млеко, без сребреници и без плаќање! Зошто да ги трошите сребрениците за она што не е леб, и својата надница за она што не сити? Послушајте Ме Мене, и ќе јадете добро, и ќе уживате во сочни јадења.