Исаија 53:10-12
Исаија 53:10-12 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Но волјата Господова беше да Го казни, и Го предаде на мачење; а кога ќе го принесе Својот живот како милостивна жртва, Тој ќе види долговечно потомство, и волјата Господова ќе напредува преку Неговата рака. Ќе се зарадува поради трудот на душата Своја и ќе види светлина. Праведниот Слуга Мој ќе ги оправда мнозина и гревовите нивни врз Себе ќе ги понесе. Затоа Јас ќе Му дадам големо наследство, со силните плен ќе дели, зашто Себеси на смрт се предаде, и меѓу злодејците беше вброен и ги понесе врз Себе гревовите на мнозина и за престапниците стана посредник.
Исаија 53:10-12 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Но на Господа му беше угодно да Го порази, и Тој Го предаде Него на мачење; кога го жртвува Својот живот како принос за грев, ќе види потомство, ќе ги продолжи своите денови, и Господовата волја ќе се исполни преку Него. Заради страдањата на Својата душа ќе види светлина и ќе се насити со нејзиното сознавање. Мојот праведен Слуга ќе оправда мнозина и нивната вина ќе ја земе на Себе. Затоа ќе Му дадам мноштво во наследство, и со силните ќе го дели пленот, зашто Сам се понуди на смрт и беше вброен меѓу злосторниците, за да ги понесе гревовите на мнозина на Себе и за да се заземе за злочинците.