Исаија 51:12-13
Исаија 51:12-13 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Јас, Јас Самиот сум ваш Утешител. Кој си ти, та се плашиш од човек, кој умира, и од човечки син, кој е како трева? Го забораваш Господа, својот Творец, кој го прострел небото и ја основал земјата; и непрестајно, секој ден се плашиш од јароста на угнетувачот, како да е готов тој да истреби. Но каде е сега јароста на угнетувачот?
Сподели
Прочитај Исаија 51Исаија 51:12-13 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
„Јас Сум вашиот Утешител. Кој си ти за да се боиш од смртен човек и од човечки син, кој е како трева? Го заборави Господа, својот Создател, Кој ги распростре небесата и Кој ја основа земјата; непрекратно трепериш, секој ден, од гневот на угнетувачот. Како да се приготвува за да се уништи. Но каде е сега гневот на угнетувачот?
Сподели
Прочитај Исаија 51