Исаија 50:6-7
Исаија 50:6-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Грбот свој го подметнав на оние што ме биеја, и образите свои – на оние што ме удираа; лицето свое не го скрив од подбив и плукање. И Господ Бог ми помага: затоа не се срамувам, затоа го држам лицето свое како кремен, и знам дека нема да останам посрамен.
Сподели
Прочитај Исаија 50Исаија 50:6-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Им го подметнав грбот на оние кои ме удираа, а образите на оние што ми ја кубеа брадата, и своето лице не го скрив од навредите и од плукањето. Господ Бог ми помогна, затоа не ќе се збунам. Затоа го направив својот образ како кремен, и знам дека нема да се засрамам.
Сподели
Прочитај Исаија 50