Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 48:1-22

Исаија 48:1-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

Слушај го ова, доме Јаковов, вие, кои се нарекувате со името на Израел и кои сте произлегле од Јуда, кои се колнете во името Господово, Го спомнувате Бог Израелов, иако не по вистина и не по правда. Зашто тие се нарекуваат по светиот град и се потпираат на Бог Израелов; Јахве Саваот е името Негово. Поранешното Јас однапред го претскажав, и она што од устата Моја изле­гуваше и Јас го навестував и брзо го вршев, – и сѐ се извршуваше. Јас знаев дека ти си тврдокорен дека во твојот врат има железни жили, и челото ти е бакарно; затоа и однапред ти навестував, пред да се случи тоа, и ти навестував, за да не речеш: „Мојот идол го направи тоа, мо­јот идол и мојот излеан лик заповеда тоа да стане.“ Ти си го чул и видел сето тоа! И зар нема да го признаеш тоа? А сега те из­вестувам за нешто ново и сокриено, што ти не си го знаел. Тоа се изврши сега, а не одамна и не пред еден ден, и ти не си слушал за не­го, за да кажеш: „Ете, јас го знаев тоа.“ Ти не си слушал, ниту си знаел за тоа, и увото твое порано не беше отво­рено; зашто Јас знаев дека ти ќе поста­пиш вероломно; од самата мајчина ут­роба си наречен отстапник. Заради името Свое го одлагав Сво­јот гнев и заради славата Своја се воз­држував да не те истребам. Ете, те пречистив, но не како среб­ро, те испитав во печката на страдањата. Заради Себе, заради Самиот Себе го вршам тоа, – зашто, каква навреда би била за името Мое! Славата Своја нема да ја дадам на друг. Чуј Ме, Јакове и Израеле, повикан од Мене: Јас сум истиот, Јас сум првиот и Јас сум последниот. Мојата рака ја основа земјата, Мојата десница го распростре небото; ќе ги повикам, – и тие ќе се постројат. Соберете се сите и слушајте: кој од нив го претскажал ова? Господ го воз­љуби, и тој ќе ја исполни волјата Негова над Вавилон и ќе ја покаже силата Негова над Халдејците. Јас, Јас реков, и го повикав; Јас го доведов, патот негов ќе биде успешен. Пристапете кон Мене, слушајте го ова: Јас и во почетокот не говорев тај­но; и кога се извршуваше тоа, Јас бев таму; и сега Ме испрати Господ Бог и Неговиот дух. Вака вели Господ, твојот Искупи­тел, Светецот Израелов: Јас сум Гос­под, Бог твој, Кој те учи на добро, Кој те води по оној пат, по кој треба да одиш. О, да беше ги слушал Моите за­поведи! Тогаш твојот мир ќе беше како река, и твојата правда – како морски бранови. И твоето потомство би било како песок, а породот од утробата твоја, – како зрнцата негови: името твое не би се истребило, нити избришало пред Мене. Излегувајте од Вавилон, бегајте од Халдејците, со радосен глас разгла­сувајте и проповедајте го тоа, ширете ја таа вест до крајот на земјата; кажувај­те: „Господ го откупи Својот слуга Јаков.“ Не ожеднуваа тие во пустините, преку кои Тој ги води: Тој им извади во­да од камен; пресече карпа – и бликнаа води. Нема мир за лошите, вели Господ.

Исаија 48:1-22 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

„Чујте го ова, Јаковов доме, вие кои се наречувате со Израелевото име и кои излеговте од Јудините води! Вие кои се колнете во Името на Господа и кои го спомнувате Израелевиот Бог, но не со вистина и со правда. Зашто вие се наречувате по Светиот Град и се потпирате на Израелевиот Бог, Господ на Силите Му е Името. Минатите настани ги навестив одамна, излегоа од Мојата уста, и Јас ги објавив, направив брзо, и се збидна. Зашто знаев дека ти си корав, дека вратот ти е железна жила и дека челото ти е бакарно. Затоа веќе тогаш ти навестив, ти јавив пред да се збидне за да не речеш: ‘Мојот кип го направи тоа, мојот делкан лик и одлеаниот идол заповедаа така!’ Го чу и го виде сѐ тоа, зар не признаваш? А сега ќе ти навестам нешто ново, тајно што уште не го знаеше; во овој миг е создадено, а не одамна, за тоа досега ништо не си чул, за да не речеш: ‘Знаев.’ Не чу за тоа ниту знаеше, ниту твоето уво се отвори порано, зашто знаев дека ќе изневериш и дека те викаат отпадник од мајчината утроба. Заради Своето име го одлагав Својот гнев, заради Својата слава се воздржував да не те уништам. Ете, те исчистив како сребро, те искушав во топилницата на неволјата. Зради Себе правев така, заради Себе! Па зар Моето Име да биде обесветено? Својата слава не му ја давам на друг! Чуј ме, Јакове, Израеле, кого го, повикав: Јас Сум истиот, Јас Сум првиот, Јас Сум и последниот. Мојата рака ја основа земјата, Мојата десница ги оптегна небесата. Само да ги повикам и доаѓаат веднаш. Соберете ги сите и чујте: кој од нив го прорече тоа? Оној кого го љуби Господ ќе ја исполни Мојата волја над Вавилон и над потомството на Халдејците. Јас реков и го повикав, го водев и му помогнав на наумот. Пристапете кон Мене и чујте го ова: Од почеток не ви зборував тајно, и кога се збиднуваше, бев таму. - А сега Господ Господ ме испраќа со Својот Дух.“ Вака зборува Господ, твојот Искупител, Израелевиот Светец: „Јас Господ, твојот Бог, те учам за твое добро, те водам по патот по кој треба да одиш. О, да внимаваше на Моите заповеди, твојот мир ќе беше како река, а твојата правда како морски бранови! Твоето потомство ќе беше како песок, а породот на твојата утроба како неговите зрнца! Никогаш твоето име не ќе се сотреше, ниту ќе се избришеше пред Мене!“ Излезете од Вавилон, бегајте од Халдеја! Воскликнувајќи гласно, кажувајте, проповедајте, разгласете до крајот на земјата! Говорете: „Господ го откупи Својот слуга Јакова!“ Не жеднуваа додека ги водеше низ пустината; од стената извлече вода за нив, го расцепи каменот и потече вода. „Нема мир за безбожниците,“ вели Господ.