Исаија 44:6-8
Исаија 44:6-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Вака вели Господ, Царот на Израел и неговиот Избавител, Господ Саваот: Јас сум првиот, Јас сум и последниот; освен Мене нема Бог; зашто кој е како Мене? Нека раскаже тој, да разгласи и по ред да Ми претстави сѐ од она време, кога го устроив древниот народ, нека го разгласат она што настапува и она што ќе биде. Не бојте се и не плашете се: нели одамна ти соопштив и претскажав? И вие сте Мои сведоци. Има ли Бог освен Мене? Не, друга Карпа нема, Јас те познавам.
Исаија 44:6-8 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Вака зборува Израелевиот Цар и неговиот Искупител, Господ над Воинствата: ‘Јас Сум првиот и Јас Сум последниот: нема Бог освен Мене. Кој е како Јас? Нека стане и нека зборува, нека навестува и нека Ми изложи! Кој откри, од вечноста, што се случило? Нека ни навести уште што ќе дојде! Не плашете се, не бојте се: нели оддамна ви го навестив тоа и ви го открив? Вие сте Ми сведоци: има ли Бог освен Мене? Има ли Стена? Јас за друга не знам!’“