Лого на YouVersion
Икона за пребарување

Исаија 43:1-7

Исаија 43:1-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)

А сега вака вели Господ, Кој те создаде, Јакове, и Кој те образувал, Израеле: не плаши се, зашто Јас те откупив, по име те повикав; ти си Мој. Преку води ли ќе минуваш – Јас сум со тебе; преку реки ли – тие нема да те потопат; ако тргнеш преку оган, нема да се изгориш, и пламенот нема да те обгори. Зашто Јас сум Господ, Бог твој, Светецот Израелов, твојот Спасител; откуп за тебе го дадов Египет; Етиопија и Сева ги дадов за тебе. Бидејќи си скап во очите Мои, многу си ценет; Јас те возљубив, затоа ќе дадам други луѓе за тебе, и народи за твојата душа. Не плаши се, зашто Јас сум со тебе; од исток ќе го доведам твоето племе и од запад ќе го соберам. На север ќе му кажам: дај; и на југ: не задржувај; доведи ги синовите Мои оддалеку и ќерките Мои – од краиштата земни, секого, кој се нарекува со Моето име, кого сум го создал за Мое про­славување, што сум ги создал и напра­вил.

Исаија 43:1-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)

Сега вака зборува Господ, Кој те создаде, Јакове, Кој те створи, Израеле: „Не бој се, зашто Јас те откупив; те повикав по име, ти си Мој! Кога преминуваш преку вода, со тебе Сум; или преку река, нема да те потопи. Ако тргнеш низ оган, не ќе изгориш, пламенот нема да те опали. Зашто Јас Сум Господ, твојот Бог, Израелев Светец, твој Спасител. Го давам Египет за твоја откупнина, ги давам Етиопија и Сева место тебе. Зашто си скапоцен во Моите очи, ценет си, и Јас те возљубив. Затоа и давам луѓе за тебе, и народи за твојот живот. Не бој се, зашто Јас Сум со тебе. Твоето потомство ќе го доведам од исток и ќе те соберам од запад. Ќе му речам на север: ‘Дај ми го!’ а на југ: ‘Не задржувај го!’ Доведи Ми ги синовите од далеку, а Моите ќерки од крајот на земјата, сите кои се наречуваат со Моето Име, и кои ги создадов за Своја Слава, кои ги створив и ги направив.“

YouVersion користи колачиња за да го персонализира вашето искуство. Со користење на нашата веб-страница, ја прифаќате употребата на колачиња како што е опишано во нашата Политика за приватност