Исаија 33:15-16
Исаија 33:15-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Оној, што оди во правда и говори вистина; кој презира печалба преку угнетување, ги воздржува рацете свои од поткуп, ги затина ушите за да не слуша за крвопролевање, и ги затвора очите да не го гледа злото, тој ќе живее на висините: засолниште му се непристапните карпи; ќе му се даде леб; водата негова нема да пресуши.
Сподели
Прочитај Исаија 33Исаија 33:15-16 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Оној кој оди во правда и кој зборува право, кој ја презира печалбата од насилство, кој ги тресе рацете за да не прими поткуп, кој ги затнува ушите за да не чуе за крвопролевањата, кој ги затвора очите за да не види зло - тој ќе живее во висините, тврдини врз карпи ќе му бидат прибежишта, ќе има доста леб и водите не ќе му недостасуваат.
Сподели
Прочитај Исаија 33