Исаија 1:4-7
Исаија 1:4-7 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Ах, народе грешен, народ претрупан со беззаконија, племе на злодејци и синови погубни! Го оставивте Господа, Го презревте Светецот Израелов, – грб Му свртевте. Каде уште да ве бијат вас, кои сѐ уште се противставувате? Целата глава ви е во рани, и целото срце ви е изнемоштено. Од главата до петите нема во тој народ здраво место, модрици, гнојни рани, нечистени, непреврзани и неомекнати со масло. Земјата ви е опустошена, градовите ви се изгорени со оган; нивите ваши пред ваши очи туѓинци ги јадат; и пустош е, како што запустуваат туѓинци.
Исаија 1:4-7 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
Ох, грешен ли народ, луѓе загазени во зло, злосторнички род, расипани синови! Го оставија Господа, Го презреа Израелевиот Светец, Нему Му ги свртија плеќите. Па каде да ве удрам уште, кога и понатаму се бунтувате? Целата глава е болна, срцето изнемоштено; од петицата до главата никаде здраво место, туку повреди, синила, отворени рани, ни очистени, ни завиткани, ниту заблажени со масло. Земјата ви опусте, градовите оган ги спали, туѓинците ги ограбуваат вашите ниви, пред ваши очи - пустина, како разорена од туѓинци.