Исаија 1:16-18
Исаија 1:16-18 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (66 книги) (MK2006)
Измијте се, исчистете се; иставете ги од очите Мои лошите дела свои; престанете да правите зло; научете се да правите добро, барајте правда, спасувајте угнетен, заштитувајте сирак, застапувајте се за вдовица.“ Тогаш дојдете и ќе се пресуди, вели Господ. Гревовите ваши да се и алово црвени – како снег ќе ги побелам; да бидат црвени и како пурпур – како волна ќе станат бели.
Исаија 1:16-18 Библија: Стариот и Новиот Завет, Константинов (MKB)
измијте се, очистете се. Отстранете ги од пред Моите очи нечесните дела, престанете да правите зло! Учете се на добри дела: стремете се кон правдата, притекнете му на помош на угнетуваниот, помогнете му на сирачето до правдата, заземете се за вдовицата.“ „И сега дојдете, да бидеме прави, говори Господ. Ако ви бидат гревовите како црвено сукно, ќе бидат бели како снег; ако бидат румени како пурпур, ќе станат како волна.